Дали знаевте дека YouVersion има Семејство од библиски апликации? Од деца, до тинејџери, до возрасни — секој се поврзува со Божјото Слово на различен начин. Затоа создадовме апликации наменети за луѓе од различни возрасни групи и региони.
Откријте која библиска апликација е најдобра за вас!
Ви ја претставуваме: Bible Loop
Bible Loop е најновиот член на нашето семејство апликации! Создадена за тинејџери, Bible Loop нуди привлечни активности, интерактивни функции и игри за меморирање и запомнување на Светото писмо. Ако сте тинејџер или имате тинејџер во вашето семејство, не пропуштајте го ова.
Апликација „Библија“ за деца
Оваа апликација е за најмалите во вашиот живот. Во апликацијата „Библија за деца“ ќе откриете живописни библиски приказни и интерактивни игри создадени за да им помогнат на децата да се вљубат во Бог и во Неговото Слово.
Апликација „Библија“
Запознајте ја најпреземаната библиска апликација во светот! Со пристап до над 3.500 преводи, 2.300 јазици и илјадници Библиски планови, никогаш не било полесно да поминувате време во Божјото Слово на начин што ви одговара.
Апликација „Библија“ Lite
Bible App Lite ви овозможува да го доживеете Божјото Слово офлајн, каде било и во кое било време. Оваа апликација е достапна во одредени региони.
Бидете дел од 30-дневниот Предизвик со преземање на една од овие апликации! И, почнувајќи од 1 ноември, користете ја апликацијата „Библија“ 30 дена по ред и заработете ја ексклузивната значка за Глобалниот месец на Библијата.
Оваа објава е достапна и на:

