Posted on 2023-02-02Планови за читање – Февруари 2023 Исчекор кон Целта 5 дена Која е мојата цел? Која е смислата на мојот живот? Кој е Божјиот план за мене? Ова сѐ прашањата што секој од нас си ги поставува во животот. Додека откриваме што значи да зачекориме кон нашата цел, ќе пробаме да дадеме одговор на некои од овие прашања. Придружи се на неколку од нашите Ц3 студенти, кои ќе ни откријат некои детали на оваа тема. Простор за дишење 5 дена Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но, тоа те истоштува. Ти треба барем малку простор за да здивнеш. Со една покана која е изненадувачки едноставна, Бог ти нуди начин како да го замениш тоа напорно темпо на живот со нешто што ќе ти донесе мир. Овој план ќе ти покаже како.
Posted on 2023-01-02Планови за читање – Јануари 2023 Божји принципи за управување со време 6 дена Дали те фрустрира фактот што има едвај 24 часа во еден ден? Дали те совладува бројот на проекти на твојот To Do список? Те уморува фактот што си постојано уморен/уморна и немаш доволно време да посветиш на Божјиот збор и на твојата фамилија и блиски пријатели? Ова се едно од најчестите предизвици на денешнината. Добрата вест е што Библијата нуди јасни принципи за добро менаџирање на нашето време. Овој План ќе ти ги образложи тие стихови и ќе ти даде супер практични совети како максимално да го искористиш времето што ти преостанува во овој живот! Еден збор кој ќе го промени твојот живот 4 дена ЕДЕН ЗБОР ќе ти помогне да си го поедноставиш животот со тоа што ќе се фокусираш на само ЕДЕН ЗБОР, цела година. Едноставноста во откривањето на зборот кој Бог го има за тебе ќе ти послужи како двигател на животни промени. Нафрленоста и комплексноста нѐ водат кон прокрастинација и парализа, додека едноставноста и фокусот нѐ носат до успех и јаснотија. Оваа 4 дневна посвета укажува на тоа како да навлезеш во јадрото на твоите очекувања и намери во визијата на тој еден збор за годината што следи.