Сега твоите деца можат на македонски јазик да ја искусат апликацијата „Библија за деца“!

Апликација „Библија за деца“

Денес, заедно со нашиот партнер OneHope, со задоволство го најавуваме започнувањето на апликацијата „Библија за деца“ на македонски јазик. Сега, повеќе од било кога, децата ќе имаат можност лично да искусат библиско доживување.

Префрлувањето помеѓу јазиците е лесно, само оди во поставките на апликацијата:

  1. Осигурај се дека ја имаш ажурирано твојата апликација до најактуелната верзија.
  2. Отвори ја апликацијата и допри ја иконата со запчаник (Икона со запчаник) за да одиш во Поставувања.
  3. Допри Јазик и избери го оној што го сакаш.

Аудиото сега ќе биде на избраниот јазик, а исто така и секој текст ќе се појави и ќе биде на избраниот јазик!

Те молиме, помогни ни да ја прославиме оваа одлична вест!

FacebookСподели на Фејсбук

TwitterСподели на Твитер

Е-поштаСподели преку е-пошта


Апликација „Библија за деца“ Исус

За апликацијата „Библија за деца“

Развиена во партнерство со OneHope, апликацијата „Библија за деца“ е од YouVersion, тие кои ја направија и апликацијата „Библија“. Развиена е за да им даде на децата едно прекрасно Библиско искуство, апликацијата „Библија за деца“ веќе е инсталирана на 58 милиони уреди од Епл, Андроид и Киндл и секогаш е потполно бесплатна. Децата од целиот свет ја користат апликацијата „Библија за деца“ на 60 јазици — сега вклучувајќи го и македонскиот јазик!

App Store Google Play Amazon

Планови за читање – Јули 2020

Љубовта е великодушна, полна со добрина

Љубовта е великодушна, полна со добрина

4  
Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива

5  
не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло

6  
не се радува на неправда, туку се ра­дува на вистина

7  
сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се на­дева, сѐ поднесува.

8  
Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.

9  
Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме

10  
а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.

11  
Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детското.

12  
Сега гледаме како низ огледало, не­јасно, а тогаш – лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен.

13  
А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.

1 Corinthians 13 in Macedonian

1 Corinthians 13 in English

Планови за читање – Јуни 2020

Планови за читање – Мај 2020