Љубовта е великодушна, полна со добрина

Љубовта е великодушна, полна со добрина

4  
Љубовта е великодушна, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не е горделива

5  
не е непристојна, не бара свое, не се срди, не памти зло

6  
не се радува на неправда, туку се ра­дува на вистина

7  
сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се на­дева, сѐ поднесува.

8  
Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне.

9  
Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме

10  
а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.

11  
Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детското.

12  
Сега гледаме како низ огледало, не­јасно, а тогаш – лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен.

13  
А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.

1 Corinthians 13 in Macedonian

1 Corinthians 13 in English

Оваа објава е достапна и на: Португалски Арапски (класичен) Белоруски Бенгалски Бугарски Дански Фински Грузиски Грчки Индијски Унгарски Малајски Монголски Непалски Норвешки Португалски (Португалија) Синхалски Словачки Свахили Шведски Тамилски Телугу Турски Зулу Чешки Малајаламски Шпански (Шпанија) Литвански Марати Панџаби Гуџарати Амхарски Узбекистански

КатегорииНекатегоризирано