|
|
|
Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи
Симни ја Библиската Апликација
Читај ја Библијата – Постави го интерфејсот на твојата апликација „Библија“ на јазик по твој избор, на еден од повеќе од 50 јазици. Лесно избери од стотици библиски верзии, на повеќе од 1000 јазици.Локални Библии: Читај дури и без мрежен пристап. Слушај аудио Библии и уживај во опциите прескокнување, брзина на репродукција и контроли за тајмер. Стави ја Библијата во центарот на твоите најблиски врски со заеднички пријателства во апликацијата „Библија“.
Верзии на Библијата:
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)
Слушај аудио Библии:
Аудио: Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)
Аудио: Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)
Планови за читање – Јули 2021
А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро
28
А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро
29
зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сообразни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа.
30
А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.
31
Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?
32
Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ?
33
Кој ќе ги обвини избраниците Божји? Бог е Тој Кој ги оправдува!
34
Кој е тој што ќе суди? Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога и се застапува за нас!
35
Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или голотијата? Или погибелта? Или мечот?
36
Како што е напишано: „Заради Тебе секогаш нѐ убиваат; нѐ сметаат како овци за клање.“
37
Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној Кој нѐ возљуби.
38
Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината
39
ни височината, ни длабочината, ниту, пак, кое било друго создание нема да може да нѐ оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ.