Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи

Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи

Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште една работа ти недостасува: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене.“ Кога ги чу овие зборови, тој се из­ненади и си отиде нажален, зашто има­ше големо богатство.

Марко 10:21-22

И кога го повика народот и уче­ниците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби жи­вотот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси.

Марко 8:34-35

и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.

Матеј 10:38

и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се пре­да­де за мене.

Галатјаните 2:20

А на сите им зборуваше: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе самиот, нека го земе крстот свој и секој ден нека Ме следи! Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби жи­вотот свој заради Мене, тој ќе го спаси. Зашто, каква му е ползата на чо­ве­ка, ако го добие целиот свет, а себе са­миот се изгуби или си направи штета?

Лука 9:23-25

велејќи: „Оче, кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене! Но нека не биде мојата волја, туку Твојата!“ И му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.

Лука 22:42-43

Оние, пак, кои се Христови, го рас­пнаа телото свое со страстите свои и похотите.

Галатјаните 5:24

Тогаш Исус им рече на учениците Свои: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи; зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде: зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој спо­ред делата негови.

Матеј 16:24-27

Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.

Римјаните 8:18

Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.

Јаков 1:12