Posted on 2021-06-302021-07-05Планови за читање – Јуни 2021 Грижа 7 Дена Нашиот живот многу лесно може да биде обземен со грижи и страв од непознатото. Но Бог ни даде Дух на храброст, а не на страв и грижи. Овој седумдневен план ќе ти помогне да се обратиш на Бог за секоја ситуација. Ќе ставиш крај на грижата, ако ја ставиш твојата доверба во Бог. Исусовите молитви 5 дена Ја знаеме важноста на комуникацијата во секој меѓучовечки однос, па така, тоа не е исклучок ни во нашиот однос со Бог. Бог копнее да комуницираме со Него преку молитва – дисциплина која дури и Неговиот Син, Исус, ја практикуваше. Во овој план, ќе учиш од Исусовиот пример и ќе бидеш предизвикан да истапиш од нормалниот животен тек за да ја искусиш на себе си силата и водството кое ја овозможува молитвата. Сигурност 4 дена Сигурноста дека ти е простено е Божја желба! Твојата сигурност расте преку средбата со Бог и размислувањето за Неговиот Збор. Следните стихови кога се запомнети, може да ти помогнат да бидеш сигурен во Бог за сите твои денови. Дозволи твојот живот да биде транформиран преку помнење на Библијата! За сеопфатен систем за помнење на Библијата, посети ја страницата: http://www.MemLok.com Пронаоѓање на твојот пат назад кон Бог 5 дена Дали бараш нешто повеќе во животот? Да се бара нешто повеќе всушност е еден копнеж за враќање кај Бог – без разлика во каква состојба е твојата врска со Бог сега. Сите ние доживуваме одредени клучни моменти – или пробудувања – додека го пронаоѓаме патот назад до Бог. Патувај низ секое од овие пробудувања и намали го растојанието помеѓу местото каде што си сега и онаму каде што сакаш да бидеш. Ние сакаме да го најдеме Бог, а Тој уште повеќе сака да биде најден. Освалд Чемберс: Мир – Живот во духот 30 Дена „Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот. Што е вистинска љубов? 12 дена Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistlebend Ministries го истражува библиското значење на љубовта и како подобро да Го сакаме Бог и да ги сакаме другите.
Posted on 2021-06-072021-06-18Јас сум Светлината на светот И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот.“ Јован 8:12 Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина. Исаија 9:1 Господ е моја светлина и мое спасение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам? Псалми 27:1 Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло. 2 Коринтјаните 4:6 Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста. Но ако Духот на Оној Кој Го воскресна Исус од мртвите живее во вас, тогаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас. Римјаните 8:10-11 Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината! Ефесјаните 5:8 А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заедништво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев. Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда. 1 Јован 1:7-9 Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!“ Матеј 5:14-16 Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати. Јован 1:5
Posted on 2021-05-012021-10-15Планови за читање – Мај 2021 Сигурност 4 дена Сигурноста дека ти е простено е Божја желба! Твојата сигурност расте преку средбата со Бог и размислувањето за Неговиот Збор. Следните стихови кога се запомнети, може да ти помогнат да бидеш сигурен во Бог за сите твои денови. Дозволи твојот живот да биде транформиран преку помнење на Библијата! За сеопфатен систем за помнење на Библијата, посети ја страницата: http://www.MemLok.com Римјаните 8 дена Овој едноставен план ќе ве спроведе преку посланието до римјаните и ќе биде одличен за индивидуални или групни учења. Да ја читаме Библијата заедно (мај) 31 ден 5-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 5-тиот дел ги содржи книгите на Прва и Втора Коринтјаните, Повторени Закони и Исус Навин. Пронаоѓање на твојот пат назад кон Бог 5 дена Дали бараш нешто повеќе во животот? Да се бара нешто повеќе всушност е еден копнеж за враќање кај Бог – без разлика во каква состојба е твојата врска со Бог сега. Сите ние доживуваме одредени клучни моменти – или пробудувања – додека го пронаоѓаме патот назад до Бог. Патувај низ секое од овие пробудувања и намали го растојанието помеѓу местото каде што си сега и онаму каде што сакаш да бидеш. Ние сакаме да го најдеме Бог, а Тој уште повеќе сака да биде најден.
Posted on 2021-04-012021-10-15Планови за читање – Април 2021 Исусовите молитви 5 дена Ја знаеме важноста на комуникацијата во секој меѓучовечки однос, па така, тоа не е исклучок ни во нашиот однос со Бог. Бог копнее да комуницираме со Него преку молитва – дисциплина која дури и Неговиот Син, Исус, ја практикуваше. Во овој план, ќе учиш од Исусовиот пример и ќе бидеш предизвикан да истапиш од нормалниот животен тек за да ја искусиш на себе си силата и водството кое ја овозможува молитвата. Јован 10 дена Овој едноставен план ќе те води низ Евангелието според Јован од почеток до крај. Да ја читаме Библијата заедно (април) 30 дена 4-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 4-тиот дел ги содржи книгите на Матеј и Јов.
Posted on 2021-03-312021-06-08Планови за читање – Март 2021 Бојното поле на умот – Побожност 14 дена Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум. Започнување на врска со Исус 7 дена Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Двајт (David Dwight) и Никол Јунис (Nicole Unice). Молитва 21 Дена Научете како најдобро да се молите, од молитвите на верните и од зборовите на Исус Христос лично. Најдете охрабрување за да ги пренесувате вашите барања до Господ секој ден, со упорност и трпеливост. Откријте ги примерите на празни, самоправедни молитви, балансирани наспроти чисти молитви од тие со чисти срца. Молете се усрдно.