Предупредување за содржината: следната приказна содржи теми за самоповредување и депресија што може да бидат вознемирувачки за некои читатели.

Кога Алис имаше шеснаесет години, се чувствуваше заробена од болка и загуба, преоптоварена со депресија и изолација.
Со чувство на безнадежност што растеше, една ноќ одлучи да си го одземе животот. И токму тогаш се случи необјаснивото.
На работ од нејзиниот стан во висока зграда, ненадеен налет на ветер предизвика таа да падне наназад во својата соба наместо нанапред.
Додека лежеше на подот, зашеметена и расплакана, Алис доби порака од нејзината соседка која ја покануваше во црква. Таа се согласи да отиде, и токму таму првпат ја откри апликацијата Библија.

Започна Библиски план и преку него доживеа надеж и Му го предаде својот живот на Исус.
Денес, Алис создава и објавува Библиски планови како партнер на YouVersion преку истата апликација која ѝ го претстави Исус. Таа не е само исполнета со надеж — таа ја шири.
Познавате ли некого во вашиот живот кому очајно му е потребен Бог? Запознајте го со апликацијата Библија и замолете Го Бога да го исполни со надеж.
Оваа објава е достапна и на:
