Posted on 2022-10-27Планови за читање – Ноември 2022 Да ја читаме Библијата заедно (ноември) 30 дена 11-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 11-тиот дел ги содржи книгите на Песните на Соломон, Езекиел, Осија и Откровение. Патувањето на Авакум 6 дена Овој план е за патување низ времето поминато во обид со Авакум. Свети емоции – Библиски реакции за секој предизвик 30 дена Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.
Posted on 2022-09-26Планови за читање – Октомври 2022 Да ја читаме Библијата заедно (октомври) 31 ден 10-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 10-тиот дел ги содржи книгите на Проповедник, Јован, Еремија и Плачот. Псалми 31 ден Читањето на книгата на Псалмите е одлично за едноставно да те подигне. Кога минуваш низ тежок период, книгата на Псалмите може да послужи како утеха и охрабрување. Дали навистина можам да го надминам гревот и искушението? 5 дена Дали некогаш си се запрашал, “Зошто сеуште се борам со овој грев?” Дури и апостол Павле кажува многу во Римјаните 7:15: “Не го правам она што го сакам, туку она кое го презирам.” Како да го спречиме гревот во нашите духовни животи? Дали е тоа возможно? Ајде да дискутираме за гревот, искушението, Сатаната, и за среќа, Божјата љубов. Обнова на твојата радост 5 дена Доколку сакаш да имаш радост во твојот живот, мораш да си направиш избалансиран распоред. Пасторот Рик Ворен ќе сподели на кој начин можеш да го прилагодиш твојот внес и изнес, за твојата дарежливост и примање да ти служи за обнова на радоста, наместо да ти одмага.
Posted on 2022-08-30Планови за читање – Август 2022 Да ја читаме Библијата заедно (септември) 30 дена 9-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 9-тиот дел ги содржи книгите на Неемија, Естира, Прва и Втора Тимотеј, Јоил, Амос, Авдиј, Наум, Авакум, Софонија, Тит, Филимон, Јаков, Агеј, Захарија и Малахија. Рута, Приказна за Искупување 5 дена Има само неколку луѓе од Библијата на кои им се восхитуваме повеќе од Рута; сиромашна; вдовица која го стави Бог како нејзин приоритет и доживеа да види како Тој и го промени животот. Доколку бараш охрабрување за твоите околности, не го пропуштај овој план за читање! Секој чекор е Напредок 5 дена Се надеваме дека ќе посветиш внимание со твојот ум и твоето срце додека ги читаш овие пет посвети од Јуџин Питерсон преку кои Светиот Дух ќе те утеши, охрабри или предизвика користејки ја содржината во нив. Можеш да си запишеш прашања за размислување на крајот од секоја посвета за да ја оформиш твојата молитва за почеток на денот—не е поентата ова да претставува крајна цел туку почетна точка за она што следи понатаму. Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на Сомнежот 10 дена Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доминик Дон верува дека ова е трагично и многу погрешно. Тој го користи писмото и друга литература за да докаже дека не само што е нормално да се запрашаме туку тоа двоумење многу често води до богата и вистинска вера. Да ги истражиме верата и сомнежот во овој 10-дневен план.
Posted on 2022-07-26Планови за читање – Август 2022 Да ја читаме Библијата заедно (август) 31 ден 8-ми дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 8-миот дел ги содржи книгите на Прва и Втора Летописи, Прва и Втора Солуњаните и Езра. Победа над смртта 7 дена Сме ја слушнале изреката, “И тоа е дел од животот,” но банални изреки не го прават пребродувањето на човечка загуба лесно прифатливо. Навикни се да одиш пред Бог кога се соочуваш со еден од најтешките животни предизвици. Храброст 1 недела Научете што Библијата вели за храброста и увереноста. Планот за читање “Храброст” ги охрабрува верните со потсетување за тоа кои се, во Христос и Божјото царство. Кога припаѓаме на Господ, ние сме слободни да му пристапиме директно. Прочитајте ги повторно, или можеби за прв пат, уверувањата дека вашето место во Божјото семејство е сигурно. Сигурност во несигурни времиња 5 дена На сред целата несигурност, Бог е сигурен! Придружи му се на Давид Виља во неговиот план, за да ги ревидирате вашите несигурности од минатото, вашата негативност и да стигнете до нешто грандиозно.
Posted on 2022-07-02Планови за читање – Јули 2022 Да ја читаме Библијата заедно (јули) 31 ден 7-ми дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 7-миот дел ги содржи книгите на Втора Самоилова, Прва Цареви, Втора Цареви и Марко. Натприродно Водење Бизнис 6 дена Со години верував во лага. Оваа лага можеме да ја видиме многу често во Христијанските кругови. Верував во секуларно-света дихотомија, и тоа го спречуваше мојот раст. Придружи ми се во истражувањето како Бог сака да ни даде натприродна моќ за да го донесеме Рајот на Земјата и да успееме во бизнисот и во животот. Ние имаме многу повеќе можности да влијаеме на светот од повеќето “министери со полно работно време,” а овој Библиски план ќе ти го покаже начинот! Започни Одново 7 дена Нова Година. Нов Ден. Бог ги створил овие транзиции за да нѐ потсетуваат дека Тој е Богот на Новите Почетоци. Доколку Бог може да го создаде светот, сигурно може да те избави од животната темнина и да те обнови и спреми за нов почеток. Немој да застанеш тука! Продолжи да го читаш овој план! Уживај! Стар Завет – Мали Пророци 24 дена Овој едноставен план ќе ве води низ приказните за малите пророци од Стариот Завет. Овој план со само неколку глави за читање дневно, е одличен за индивидуално или групно проучување.