Posted on 2021-03-012021-10-15Планови за читање – Март 2021 Освалд Чемберс: Мир – Живот во духот 30 дена „Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот. Евреите 7 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на Евреите и ќе биде одличен за лично или групно проучување.
Posted on 2021-01-312021-06-07Планови за читање – Јануари 2021 Барајќи го секојдневно срцето Господово – Мудрост 5 дена Барајќи го дневно срцето Господово е петдневен план за читање, наменет за да те охрабри, предизвика и да ти помогне низ патот на секојдневието. Како што Бојд Бејли кажал:„ Барајте Го дури и кога не се чувствувате така или кога сте премногу зафатени и Тој ќе ја награди вашата верност“. Библијата вели: „Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Неговите и Го бараат со сето свое срце“. Псалм 119:2 Верувам дека Бог е добар без оглед на сè 5 дена Има одредени пораки денес, како надвор така и внатре во црквата кои ја заматија вистинската порака за Божјата благонаклонетост. Реалноста е дека Бог не е должен да ни обезбеди добри работи – но Тој тоа го сака! Следните 5 дена можат да ти помогнат да погледнеш одново околу себе со очи кои ќе проникнат низ секојдневните пречки за да ја видиш неоспорната и прекумерна добрина на Бог. Божјиот план за твојот живот 6 дена Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме. Детоксикација на душата 5 недели Ние не сме тело со душа. Ние сме душа со тело. Додека светот со секое право нѐ учи да вршиме детоксикација на нашите тела, понекогаш треба да направиме детоксикација на нашата душа. Овој 35 дневен план ќе ти помогне да идентификуваш што ја одронува твојата душа, и што те попречува да станеш личност каква што Господ те креирал да бидеш. Ќе научиш од Божјиот Збор како да ги неутрализираш овие уништувачки влијанија и да го прифатиш чистото живеење за твојата душа. Исусовите молитви 5 дена Ја знаеме важноста на комуникацијата во секој меѓучовечки однос, па така, тоа не е исклучок ни во нашиот однос со Бог. Бог копнее да комуницираме со Него преку молитва – дисциплина која дури и Неговиот Син, Исус, ја практикуваше. Во овој план, ќе учиш од Исусовиот пример и ќе бидеш предизвикан да истапиш од нормалниот животен тек за да ја искусиш на себе си силата и водството кое ја овозможува молитвата. 7 работи што Библијата ги вели за неспокој 7 дена Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогнат да ја примениш вистината на Божјото Слово во секоја ситуација со која се соочуваш денес. Секој ден на читање, исто така, содржи слика со стих што ти помага да го споделиш тоа што ти го кажува Бог.
Posted on 2020-07-012021-10-12Планови за читање – Јули 2020 Банкини: Одбегнување на разочарувањата во животот 5 дена На патот се ставаат банкини или заштитни огради за да ги спречат возилата од скренување во опасни или незаштитени подрачја. Честопати не ги приметуваме, сè додека не ни притребаат и тогаш сме благодарни што биле таму. Што ако постоеја банкини во нашите врски, финансии и кариера? Како би изгледале тие? Како би можеле тие да нè спречат од нашите идни разочарувања? Во следните пет дена, ќе видиме како да си поставиме сопствени банкини во животот. Галатјаните 3 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на Галатјаните и ќе биде одличен за лично или групно проучување.
Posted on 2020-06-012021-10-12Планови за читање – Јуни 2020 1 Коринтјаните 8 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на 1 Коринтјаните и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Радикална мудрост: Седумдневно патување за татковци 7 дена Неверојатно е колку многу нè обликуваат нашите татковци. Никој не ја избегнува моќта и влијанието на својот земен татко. Бидејќи повеќето мажи не се чувствуваат подготвени да бидат татковци, важно е да се побара водство, од Светото Писмо и од другите татковци. „Радикална мудрост“ е патување за татковците, кон мудрост и проникливост, комбинирајќи ги принципите и мудроста од Светото Писмо со искуството на еден постар, помудар татко кој научил од своите грешки. Адамант со Лиза Бевере 6 дена Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душата—давајќи ти јасна насока во овој изгубен свет.
Posted on 2020-05-012021-10-12Планови за читање – Мај 2020 Не си напуштен: Да се најде слобода како синови и ќерки на Совршен Татко 5 дена Louie Giglio, Пасторот и Основачот на Passion Movement, го споделува овој 5-дневен план за да го разберете карактерот на Бог на начин на кој ќе ви се смени животот – како совршен Татко, кој сака да чекорите во слобода како Негови сакани синови и ќерки. Божјиот план за твојот живот 6 дена Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме. 7 нешта од Библијата за родителството 7 дена Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители – кои истовремено се и вработени во YouVersion – раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување. Римјаните 8 дена Овој едноставен план ќе ве спроведе преку посланието до римјаните и ќе биде одличен за индивидуални или групни учења.