Posted on 2019-10-012021-10-04Планови за читање – Октомври 2019 Откровение 11 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на Откровение и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Вдиши духовен копнеж во твојот брак 7 дена Преземено од неговата нова книга „Доживотна љубов“ (A Lifelong Love), Гери Томас зборува за трајните цели на бракот. Научи неколку практични алатки кои ќе ти помогнат да го претвориш твојот брак во инспиративна врска која ќе шири духовна живост кон другите.
Posted on 2019-09-012021-10-04Планови за читање – Септември 2019 Вера 12 дена Дали гледањето значи верување? Или дали верувањето значи гледање? Ова се прашања поврзани со верата. Овој план ти нуди длабоко проучување на верата – започнувајќи од старозаветните раскази за реални луѓе кои покажале храбра вера во невозможни ситуации па сѐ до Исусовите поуки на оваа тема. Преку четивата, ќе бидеш охрабрен да го продлабочиш твојот меѓусебен однос со Бог и да станеш поверен Исусов следбеник. 2 Коринтјаните 7 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на 2 Коринтјаните и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Простор за дишење 5 дена Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но, тоа те истоштува. Ти треба барем малку простор за да здивнеш. Со една покана која е изненадувачки едноставна, Бог ти нуди начин како да го замениш тоа напорно темпо на живот со нешто што ќе ти донесе мир. Овој план ќе ти покаже како.
Posted on 2019-08-012021-10-04Планови за читање – Август 2019 1 Коринтјаните 8 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на 1 Коринтјаните и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Освалд Чемберс: Мир – Живот во духот 30 дена „Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.
Posted on 2019-07-012021-10-04Планови за читање – Јули 2019 Галатјаните 3 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на Галатјаните и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Користење на твоето време за Бог 4 дена 4 дневна побожност од Р. Ч. Спроул во врска со користење на твоето време за Бог. Секоја од овие побожности те повикува да живееш во Божјото присуство, под Божјиот авторитет, за слава Божја.
Posted on 2019-05-012021-09-28Планови за читање – Мај 2019 Евреите 7 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на Евреите и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Искушение 7 дена Искушението доаѓа во толку многу форми. И лесно е да најдеме изговор за нашите одлуки и да се оправдаме. Овој седумдневен план ти покажува дека преку Божјиот Дух ти можеш да го совладаш искушението. Најди време да го смириш својот ум, дозволи му на Бог да ти зборува, и ќе најдеш сила да ги совладаш најголемите искушенија. 7 нешта од Библијата за родителството 7 дена Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители – кои истовремено се и вработени во YouVersion – раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување.