Планови за читање – Јули 2019

Радувајте се кога ќе паднете во разни искушенија

Радувајте се кога ќе паднете во разни искушенија

2  
Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија

3  
знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост

4  
трпеливоста, пак, нека биде со­вр­ше­но дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.

5  
Ако некому од вас му недостига муд­рост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде.

6  
Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, при­ле­га на морски бран, кого ветрот го издига и растура

7  
таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ.

8  
Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан.

9  
Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја

10  
а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од тре­ва

11  
зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзи­ниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.

12  
Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.

James 1 in Macedonian

James 1 in English

Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува

Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува

1  
Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие

2  
зашто тие ќе се исушат како трева, и како зелје набргу ќе свенат.

3  
Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство.

4  
Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде што ќе посака срцето твое.

5  
Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува

6  
и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне.

7  
Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие.

8  
Воздржи се од лутина и остави ја јароста, не жести се – самиот да не пра­виш зло

9  
зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат земјата.

10  
Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш.

11  
А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир.

Psalm 37 in Macedonian

Psalm 37 in English

Планови за читање – Мај 2019