Posted on 2020-05-012021-10-12Планови за читање – Мај 2020 Не си напуштен: Да се најде слобода како синови и ќерки на Совршен Татко 5 дена Louie Giglio, Пасторот и Основачот на Passion Movement, го споделува овој 5-дневен план за да го разберете карактерот на Бог на начин на кој ќе ви се смени животот – како совршен Татко, кој сака да чекорите во слобода како Негови сакани синови и ќерки. Божјиот план за твојот живот 6 дена Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме. 7 нешта од Библијата за родителството 7 дена Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители – кои истовремено се и вработени во YouVersion – раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување. Римјаните 8 дена Овој едноставен план ќе ве спроведе преку посланието до римјаните и ќе биде одличен за индивидуални или групни учења.
Posted on 2020-04-012021-10-12Планови за читање – Април 2020 Приказната за Велигден 7 дена Како ќе ја поминеш последната недела од твојот живот, ако знаеш дека ти е последна? Последната недела од животот на Исус, додека тој беше на земјата, беше исполнета со впечатливи моменти, исполнети пророштва, лични молитви, значајни дискусии, симболични дела, и настани кои го променија светот. Наменет да почне во понеделникот пред Велигден, секој ден од овој план за читање те води низ главите на четирите евангелија кои ја раскажуваат приказната за Светата седмица. Јован 10 дена Овој едноставен план ќе те води низ Евангелието според Јован од почеток до крај.
Posted on 2020-03-012021-10-12Планови за читање – Март 2020 60 дневно патување низ Новиот Завет 60 дена Овој план за читање на Библијата ќе те води низ Новиот Завет во 60 дена. Многу книги можат да те информираат, но Библијата ја има моќта да те трансформира. Прочитај ги дневните пасуси и ќе бидеш зачуден од моќта, увидот и трансформацијата што ќе се случи во твојот живот. Марко 8 дена Овој едноставен план ќе те води низ Евангелието според Марко од почеток до крај. Потрагата 7 дена Во овој 7 – дневен план за читање, Бет Мур користи прашања од Светото Писмо за да те воведе во интимноста со Оној кој најдобро те познава. Искривениот интерпункциски знак на крајот од реченицата зборува за љубопитност, интерес или можеби сомнеж. Прашањето е покана кон ранливост, кон интимност. Библијата не се срами од таква покана. Одново и одново гледаме како Божјите луѓе поставуваат прашања за својот Создател. Исто така гледаме како Бог на универзумот поставува прашања за своите созданија. Потрагата е предизвик да се прифати поканата. Научи се да копаш во Писмото, да одговориш на Божјите прашања и да ги поставиш своите прашања пред Него. Нека искривениот интерпункциски знак биде мапа која ќе те води кон поблиска врска со Таткото.
Posted on 2020-02-012021-10-12Планови за читање – Февруари 2020 Молитва 21 дена Научете како најдобро да се молите, од молитвите на верните и од зборовите на Исус Христос лично. Најдете охрабрување за да ги пренесувате вашите барања до Господ секој ден, со упорност и трпеливост. Откријте ги примерите на празни, самоправедни молитви, балансирани наспроти чисти молитви од тие со чисти срца. Молете се усрдно. 40 дена на Голем пост 47 дена Големиот пост отсекогаш било време кога го насочуваме нашето внимание кон сето она што во Христа е направено за нас на крстот. За овој великодушен дар може да се размислува од година во година и сѐ уште да нѐ остави зачудени од воодушевување. Со овој план за читање, ќе поминеш низ евангелските извештаи по хронолошки редослед, следејќи ги стапките на Исус за време на последната недела на Неговата земна служба. Овој план за читање е долг 47 дена, но седумте неделни дена според традицијата се денови на одмор.
Posted on 2019-11-012021-10-04Планови за читање – Ноември 2019 Псалми 31 ден Читањето на книгата на Псалмите е одлично за едноставно да те подигне. Кога минуваш низ тежок период, книгата на Псалмите може да послужи како утеха и охрабрување. Освалд Чемберс: Радост – Силата во Господ 30 дена Откриј ја мудроста на Освалд Чемберс, авторот на My Utmost for His Highest, преку ова богатство на размислувања за радоста. Секое дневно читање нуди цитати од Чемберс заедно со прашања за лично размислување. Како што ќе те инспирира и предизвикува со неговата едноставна и директна библиска мудорст, ќе се пронајдеш себеси како сакаш да поминуваш повеќе време во комуникација со Бог. Барајќи го секојдневно срцето Господово – Мудрост 5 дена Барајќи го дневно срцето Господово е петдневен план за читање, наменет за да те охрабри, предизвика и да ти помогне низ патот на секојдневието. Како што Бојд Бејли кажал:„ Барајте Го дури и кога не се чувствувате така или кога сте премногу зафатени и Тој ќе ја награди вашата верност“. Библијата вели: „Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Неговите и Го бараат со сето свое срце“. Псалм 119:2