Псалми 23: Господ е Пастир мој

1  
Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува

2  
Тој ме одмара на зелени пасишта и ме води на тихи води

3  
ја закрепнува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое.

4  
Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезол и Твојата палка ме успокојуваат.

5  
Си приготвил пред мене трпеза пред очите на непријателите мои, си ја помазал главата моја со миризливо масло; и чашата моја се прелева.

6  
Само добрина и милост ќе ме придружуваат преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам во домот Господов многу дни.

Psalm 23 in Macedonian

Psalm 23 in English

Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи

Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи

Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште една работа ти недостасува: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене.“ Кога ги чу овие зборови, тој се из­ненади и си отиде нажален, зашто има­ше големо богатство.

Марко 10:21-22

И кога го повика народот и уче­ниците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби жи­вотот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси.

Марко 8:34-35

и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.

Матеј 10:38

и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се пре­да­де за мене.

Галатјаните 2:20

А на сите им зборуваше: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе самиот, нека го земе крстот свој и секој ден нека Ме следи! Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби жи­вотот свој заради Мене, тој ќе го спаси. Зашто, каква му е ползата на чо­ве­ка, ако го добие целиот свет, а себе са­миот се изгуби или си направи штета?

Лука 9:23-25

велејќи: „Оче, кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене! Но нека не биде мојата волја, туку Твојата!“ И му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.

Лука 22:42-43

Оние, пак, кои се Христови, го рас­пнаа телото свое со страстите свои и похотите.

Галатјаните 5:24

Тогаш Исус им рече на учениците Свои: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи; зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде: зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој спо­ред делата негови.

Матеј 16:24-27

Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас.

Римјаните 8:18

Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.

Јаков 1:12

Симни ја Библиската Апликација

Добиј бесплатна Библија

за твојот телефон, таблет или компјутер.


Симни ја Библиската Апликација

Читај ја Библијата – Постави го интерфејсот на твојата апликација „Библија“ на јазик по твој избор, на еден од повеќе од 50 јазици. Лесно избери од стотици библиски верзии, на повеќе од 1000 јазици.Локални Библии: Читај дури и без мрежен пристап. Слушај аудио Библии и уживај во опциите прескокнување, брзина на репродукција и контроли за тајмер. Стави ја Библијата во центарот на твоите најблиски врски со заеднички пријателства во апликацијата „Библија“.

Симни ја Библиската Апликација

Јас сум Светлината на светот

Јас сум Светлината на светот

И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот.“


Јован 8:12

Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина.


Исаија 9:1

Господ е моја светлина и мое спа­сение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам?


Псалми 27:1

Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло.


2 Коринтјаните 4:6

Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста. Но ако Духот на Оној Кој Го вос­кресна Исус од мртвите живее во вас, то­гаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој жи­вее во вас.


Римјаните 8:10-11

Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!


Ефесјаните 5:8

А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заед­ниш­тво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев. Ако кажеме дека немаме грев, се ла­жеме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прос­ти гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.


1 Јован 1:7-9

Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!“


Матеј 5:14-16

Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати.


Јован 1:5

Популарни библиски стихови – Март 2021 – И мојот народ…

Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност.


2 Тимотеј 1:7

Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ, и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.


2 Летописи 7:13-14

Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победо­носна десница.“


Исаија 41:10

Ајде народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот;зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жи­телите земни за нивното беззаконие, и земјата ќе ја открие голтнатата од неа крв и повеќе нема да ги крие своите убиени.


Исаија 26:20-21

Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж: по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато; тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам.


Плачот 3:21-24

Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.


Јаков 1:12

А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.


Евреите 13:16

Кој живее под закрилата на Севиш­ниот, тој престојува во домот на небес­ниот Бог. И ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам!


Псалми 91:1-2