Облечете се во сето оружје Божјо

Ефесјаните 6:10-18

10  
Браќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ!

11  
Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лу­кавство

12  
зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните упра­вители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.

13  
Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите.

14  
И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во ок­ло­пот на праведноста

15  
и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир.

16  
А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете си­те вжештени стрели на лукавиот

17  
земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!

18  
Со секаква молитва и молба во се­која пригода молете се во духот. Затоа бидете постојано будни со сета истрај­ност и молитва за сите светии

Ephesians 6 in Macedonian

Ephesians 6 in English