Posted on јуни 25, 2023Планови за читање – Јули 2023 Ослободување од споредба – 7 дневна посвета од Ана Лајт 7 дена Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи капакот над твоите способности, и ќе ти помогне да живееш живот во слобода и изобилие кој Бог го дизајнирал за тебе Адамант со Лиза Бевере 6 дена Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душата—давајќи ти јасна насока во овој изгубен свет. Барајќи го секојдневно срцето Господово – Мудрост 5 дена Барајќи го дневно срцето Господово е петдневен план за читање, наменет за да те охрабри, предизвика и да ти помогне низ патот на секојдневието. Како што Бојд Бејли кажал:„ Барајте Го дури и кога не се чувствувате така или кога сте премногу зафатени и Тој ќе ја награди вашата верност“. Библијата вели: „Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Неговите и Го бараат со сето свое срце“. Псалм 119:2 Share this post:
Posted on април 28, 2023Планови за читање – Мај 2023 Момент на пресврт во зависноста 3 дена Кога животот е неусогласен со Божјиот Збор, скоро сигурно е дека ќе има болни последици. Многумина се бореле за своето здравје, со загубени работни позиции и врски, наоѓајки се себеси оддалечени од Бог поради нивните зависности. Независно дали се работи за некоја сериозна зависност од дрога или порнографија или некои помали зависности како што се храна или забава, тие имаат лошо влијание врз нашите животи. Дозволете најдобро продаваниот автор Тони Еванс да ви го покаже патот до слободата. Зошто Бог ме сака? 5 дена Прашања: Кога станува збор за Бог, сите имаме прашања. Со оглед на тоа што сме дел од култура во која има многу споредување, едно од најличните прашања кои можеме да ги поставиме е: „Зошто Бог ме сака?“ Или, можеби: „Како може да ме сака?“ Преку овој план, ќе се сретнеш со вкупно 26 пасуси од Светото Писмо – кои ја зборуваат вистината за Божјата безусловна љубов кон тебе. Share this post:
Posted on март 30, 2023Планови за читање – Април 2023 Зошто Велигден? 5 дена Што е толку важен Велигден? Зошто постои толку голем интерес за личност која се родила пред 2000 години? Зошто луѓето толку многу се возбудуваат околу Исус? Зошто ни е Тој потребен? Зошто дошол? Зошто умрел? Зошто некој треба да се замара да го открие тоа? Во овој 5-дневен план, Ники Гамбел ги споделува неговите привлечни одговори на овие прашања. ИСУС ЦАРОТ: Велигденско библиско читање од Тимоти Келер 9 дена Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“ и познат пастор Тимоти Келер споделува една серија на епизоди од животот на Исус како што се раскажани во книгата Евангелие по Марко. Гледајќи ги одблизу овие приказни, тој дава нови сознанија за односот помеѓу нашите животи и животот на Божјиот Син, со поглед кон Велигден. ИСУС ЦАРОТ претставува книга која сега има вклучено и водич за проучување за мали групи, достапна секаде каде што се продаваат христијански книги. 1 и 2 Тимотеј 5 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ 1 и 2 Тимотеј и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Share this post:
Posted on февруари 2, 2023Планови за читање – Февруари 2023 Исчекор кон Целта 5 дена Која е мојата цел? Која е смислата на мојот живот? Кој е Божјиот план за мене? Ова сѐ прашањата што секој од нас си ги поставува во животот. Додека откриваме што значи да зачекориме кон нашата цел, ќе пробаме да дадеме одговор на некои од овие прашања. Придружи се на неколку од нашите Ц3 студенти, кои ќе ни откријат некои детали на оваа тема. Простор за дишење 5 дена Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но, тоа те истоштува. Ти треба барем малку простор за да здивнеш. Со една покана која е изненадувачки едноставна, Бог ти нуди начин како да го замениш тоа напорно темпо на живот со нешто што ќе ти донесе мир. Овој план ќе ти покаже како. Share this post:
Posted on јануари 2, 2023Планови за читање – Јануари 2023 Божји принципи за управување со време 6 дена Дали те фрустрира фактот што има едвај 24 часа во еден ден? Дали те совладува бројот на проекти на твојот To Do список? Те уморува фактот што си постојано уморен/уморна и немаш доволно време да посветиш на Божјиот збор и на твојата фамилија и блиски пријатели? Ова се едно од најчестите предизвици на денешнината. Добрата вест е што Библијата нуди јасни принципи за добро менаџирање на нашето време. Овој План ќе ти ги образложи тие стихови и ќе ти даде супер практични совети како максимално да го искористиш времето што ти преостанува во овој живот! Еден збор кој ќе го промени твојот живот 4 дена ЕДЕН ЗБОР ќе ти помогне да си го поедноставиш животот со тоа што ќе се фокусираш на само ЕДЕН ЗБОР, цела година. Едноставноста во откривањето на зборот кој Бог го има за тебе ќе ти послужи како двигател на животни промени. Нафрленоста и комплексноста нѐ водат кон прокрастинација и парализа, додека едноставноста и фокусот нѐ носат до успех и јаснотија. Оваа 4 дневна посвета укажува на тоа како да навлезеш во јадрото на твоите очекувања и намери во визијата на тој еден збор за годината што следи. Share this post: