1
Не жести се поради злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие
2
зашто тие ќе се исушат како трева, и како зелје набргу ќе свенат.
3
Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство.
4
Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде што ќе посака срцето твое.
5
Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува
6
и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне.
7
Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие.
8
Воздржи се од лутина и остави ја јароста, не жести се – самиот да не правиш зло
9
зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат земјата.
10
Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш.
11
А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир.