Posted on 2019-05-012021-09-28 by Планови за читање – Мај 2019 Евреите 7 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на Евреите и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Искушение 7 дена Искушението доаѓа во толку многу форми. И лесно е да најдеме изговор за нашите одлуки и да се оправдаме. Овој седумдневен план ти покажува дека преку Божјиот Дух ти можеш да го совладаш искушението. Најди време да го смириш својот ум, дозволи му на Бог да ти зборува, и ќе најдеш сила да ги совладаш најголемите искушенија. 7 нешта од Библијата за родителството 7 дена Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители – кои истовремено се и вработени во YouVersion – раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување.