2
Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија
3
знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост
4
трпеливоста, пак, нека биде совршено дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.
5
Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде.
6
Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, кого ветрот го издига и растура
7
таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ.
8
Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан.
9
Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја
10
а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од трева
11
зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзиниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.
12
Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.