Posted on 2019-09-012021-10-04 by Планови за читање – Септември 2019 Вера 12 дена Дали гледањето значи верување? Или дали верувањето значи гледање? Ова се прашања поврзани со верата. Овој план ти нуди длабоко проучување на верата – започнувајќи од старозаветните раскази за реални луѓе кои покажале храбра вера во невозможни ситуации па сѐ до Исусовите поуки на оваа тема. Преку четивата, ќе бидеш охрабрен да го продлабочиш твојот меѓусебен однос со Бог и да станеш поверен Исусов следбеник. 2 Коринтјаните 7 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на 2 Коринтјаните и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Простор за дишење 5 дена Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но, тоа те истоштува. Ти треба барем малку простор за да здивнеш. Со една покана која е изненадувачки едноставна, Бог ти нуди начин како да го замениш тоа напорно темпо на живот со нешто што ќе ти донесе мир. Овој план ќе ти покаже како.