Posted on 2019-11-012021-10-04 by Планови за читање – Ноември 2019 Псалми 31 ден Читањето на книгата на Псалмите е одлично за едноставно да те подигне. Кога минуваш низ тежок период, книгата на Псалмите може да послужи како утеха и охрабрување. Освалд Чемберс: Радост – Силата во Господ 30 дена Откриј ја мудроста на Освалд Чемберс, авторот на My Utmost for His Highest, преку ова богатство на размислувања за радоста. Секое дневно читање нуди цитати од Чемберс заедно со прашања за лично размислување. Како што ќе те инспирира и предизвикува со неговата едноставна и директна библиска мудорст, ќе се пронајдеш себеси како сакаш да поминуваш повеќе време во комуникација со Бог. Барајќи го секојдневно срцето Господово – Мудрост 5 дена Барајќи го дневно срцето Господово е петдневен план за читање, наменет за да те охрабри, предизвика и да ти помогне низ патот на секојдневието. Како што Бојд Бејли кажал:„ Барајте Го дури и кога не се чувствувате така или кога сте премногу зафатени и Тој ќе ја награди вашата верност“. Библијата вели: „Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Неговите и Го бараат со сето свое срце“. Псалм 119:2