Posted on 2020-03-012021-10-12 by Планови за читање – Март 2020 60 дневно патување низ Новиот Завет 60 дена Овој план за читање на Библијата ќе те води низ Новиот Завет во 60 дена. Многу книги можат да те информираат, но Библијата ја има моќта да те трансформира. Прочитај ги дневните пасуси и ќе бидеш зачуден од моќта, увидот и трансформацијата што ќе се случи во твојот живот. Марко 8 дена Овој едноставен план ќе те води низ Евангелието според Марко од почеток до крај. Потрагата 7 дена Во овој 7 – дневен план за читање, Бет Мур користи прашања од Светото Писмо за да те воведе во интимноста со Оној кој најдобро те познава. Искривениот интерпункциски знак на крајот од реченицата зборува за љубопитност, интерес или можеби сомнеж. Прашањето е покана кон ранливост, кон интимност. Библијата не се срами од таква покана. Одново и одново гледаме како Божјите луѓе поставуваат прашања за својот Создател. Исто така гледаме како Бог на универзумот поставува прашања за своите созданија. Потрагата е предизвик да се прифати поканата. Научи се да копаш во Писмото, да одговориш на Божјите прашања и да ги поставиш своите прашања пред Него. Нека искривениот интерпункциски знак биде мапа која ќе те води кон поблиска врска со Таткото.