Posted on 2020-05-012021-10-12 by Планови за читање – Мај 2020 Не си напуштен: Да се најде слобода како синови и ќерки на Совршен Татко 5 дена Louie Giglio, Пасторот и Основачот на Passion Movement, го споделува овој 5-дневен план за да го разберете карактерот на Бог на начин на кој ќе ви се смени животот – како совршен Татко, кој сака да чекорите во слобода како Негови сакани синови и ќерки. Божјиот план за твојот живот 6 дена Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме. 7 нешта од Библијата за родителството 7 дена Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители – кои истовремено се и вработени во YouVersion – раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување. Римјаните 8 дена Овој едноставен план ќе ве спроведе преку посланието до римјаните и ќе биде одличен за индивидуални или групни учења.