Posted on 2021-01-312021-06-07 by Планови за читање – Јануари 2021 Барајќи го секојдневно срцето Господово – Мудрост 5 дена Барајќи го дневно срцето Господово е петдневен план за читање, наменет за да те охрабри, предизвика и да ти помогне низ патот на секојдневието. Како што Бојд Бејли кажал:„ Барајте Го дури и кога не се чувствувате така или кога сте премногу зафатени и Тој ќе ја награди вашата верност“. Библијата вели: „Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Неговите и Го бараат со сето свое срце“. Псалм 119:2 Верувам дека Бог е добар без оглед на сè 5 дена Има одредени пораки денес, како надвор така и внатре во црквата кои ја заматија вистинската порака за Божјата благонаклонетост. Реалноста е дека Бог не е должен да ни обезбеди добри работи – но Тој тоа го сака! Следните 5 дена можат да ти помогнат да погледнеш одново околу себе со очи кои ќе проникнат низ секојдневните пречки за да ја видиш неоспорната и прекумерна добрина на Бог. Божјиот план за твојот живот 6 дена Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме. Детоксикација на душата 5 недели Ние не сме тело со душа. Ние сме душа со тело. Додека светот со секое право нѐ учи да вршиме детоксикација на нашите тела, понекогаш треба да направиме детоксикација на нашата душа. Овој 35 дневен план ќе ти помогне да идентификуваш што ја одронува твојата душа, и што те попречува да станеш личност каква што Господ те креирал да бидеш. Ќе научиш од Божјиот Збор како да ги неутрализираш овие уништувачки влијанија и да го прифатиш чистото живеење за твојата душа. Исусовите молитви 5 дена Ја знаеме важноста на комуникацијата во секој меѓучовечки однос, па така, тоа не е исклучок ни во нашиот однос со Бог. Бог копнее да комуницираме со Него преку молитва – дисциплина која дури и Неговиот Син, Исус, ја практикуваше. Во овој план, ќе учиш од Исусовиот пример и ќе бидеш предизвикан да истапиш од нормалниот животен тек за да ја искусиш на себе си силата и водството кое ја овозможува молитвата. 7 работи што Библијата ги вели за неспокој 7 дена Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогнат да ја примениш вистината на Божјото Слово во секоја ситуација со која се соочуваш денес. Секој ден на читање, исто така, содржи слика со стих што ти помага да го споделиш тоа што ти го кажува Бог.