Posted on 2021-03-312021-06-08 by Планови за читање – Март 2021 Бојното поле на умот – Побожност 14 дена Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум. Започнување на врска со Исус 7 дена Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Двајт (David Dwight) и Никол Јунис (Nicole Unice). Молитва 21 Дена Научете како најдобро да се молите, од молитвите на верните и од зборовите на Исус Христос лично. Најдете охрабрување за да ги пренесувате вашите барања до Господ секој ден, со упорност и трпеливост. Откријте ги примерите на празни, самоправедни молитви, балансирани наспроти чисти молитви од тие со чисти срца. Молете се усрдно.