Популарни библиски стихови – Март 2021 – И мојот народ…

Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност.


2 Тимотеј 1:7

Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ, и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.


2 Летописи 7:13-14

Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победо­носна десница.“


Исаија 41:10

Ајде народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот;зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жи­телите земни за нивното беззаконие, и земјата ќе ја открие голтнатата од неа крв и повеќе нема да ги крие своите убиени.


Исаија 26:20-21

Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж: по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато; тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам.


Плачот 3:21-24

Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.


Јаков 1:12

А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.


Евреите 13:16

Кој живее под закрилата на Севиш­ниот, тој престојува во домот на небес­ниот Бог. И ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам!


Псалми 91:1-2