Posted on 2021-04-012021-10-15 by Планови за читање – Април 2021 Исусовите молитви 5 дена Ја знаеме важноста на комуникацијата во секој меѓучовечки однос, па така, тоа не е исклучок ни во нашиот однос со Бог. Бог копнее да комуницираме со Него преку молитва – дисциплина која дури и Неговиот Син, Исус, ја практикуваше. Во овој план, ќе учиш од Исусовиот пример и ќе бидеш предизвикан да истапиш од нормалниот животен тек за да ја искусиш на себе си силата и водството кое ја овозможува молитвата. Јован 10 дена Овој едноставен план ќе те води низ Евангелието според Јован од почеток до крај. Да ја читаме Библијата заедно (април) 30 дена 4-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 4-тиот дел ги содржи книгите на Матеј и Јов.