Posted on 2021-05-012021-10-15 by Планови за читање – Мај 2021 Сигурност 4 дена Сигурноста дека ти е простено е Божја желба! Твојата сигурност расте преку средбата со Бог и размислувањето за Неговиот Збор. Следните стихови кога се запомнети, може да ти помогнат да бидеш сигурен во Бог за сите твои денови. Дозволи твојот живот да биде транформиран преку помнење на Библијата! За сеопфатен систем за помнење на Библијата, посети ја страницата: http://www.MemLok.com Римјаните 8 дена Овој едноставен план ќе ве спроведе преку посланието до римјаните и ќе биде одличен за индивидуални или групни учења. Да ја читаме Библијата заедно (мај) 31 ден 5-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 5-тиот дел ги содржи книгите на Прва и Втора Коринтјаните, Повторени Закони и Исус Навин. Пронаоѓање на твојот пат назад кон Бог 5 дена Дали бараш нешто повеќе во животот? Да се бара нешто повеќе всушност е еден копнеж за враќање кај Бог – без разлика во каква состојба е твојата врска со Бог сега. Сите ние доживуваме одредени клучни моменти – или пробудувања – додека го пронаоѓаме патот назад до Бог. Патувај низ секое од овие пробудувања и намали го растојанието помеѓу местото каде што си сега и онаму каде што сакаш да бидеш. Ние сакаме да го најдеме Бог, а Тој уште повеќе сака да биде најден.