Јас сум Светлината на светот

Јас сум Светлината на светот

И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот.“


Јован 8:12

Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина.


Исаија 9:1

Господ е моја светлина и мое спа­сение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам?


Псалми 27:1

Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло.


2 Коринтјаните 4:6

Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста. Но ако Духот на Оној Кој Го вос­кресна Исус од мртвите живее во вас, то­гаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој жи­вее во вас.


Римјаните 8:10-11

Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!


Ефесјаните 5:8

А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заед­ниш­тво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев. Ако кажеме дека немаме грев, се ла­жеме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прос­ти гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.


1 Јован 1:7-9

Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!“


Матеј 5:14-16

Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати.


Јован 1:5