Posted on 2021-11-012021-10-28 by Планови за читање – Ноември 2021 1+2 Петар 4 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ 1 и 2 Петар и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Да ја читаме Библијата заедно (ноември) 30 дена 11-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 11-тиот дел ги содржи книгите на Песните на Соломон, Езекиел, Осија и Откровение. Дела на покајание 5 дена Покајанието е една од клучните акции која ние сите ја правиме за да Го запознаеме Христос како наш личен Спасител. Покајанието е наша акција а простувањето е Божјата реакција кон нас, која произлегува од Неговата совршена љубов за нас. За време на овој петдневен план на читање, ти ќе примиш дневни библиски читања и кратки размислувања составени да ти помогнат подобро да ја разбереш важноста на покајанието во нашиот од со Христос.