Posted on 2022-01-02 by Планови за читање – Јануари 2022 Да ја читаме Библијата заедно (јануари) 31 ден Прв дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. Првиот дел ги содржи книгите на Лука, Дела, Даниел и Битие. Јован 10 дена Овој едноставен план ќе те води низ Евангелието според Јован од почеток до крај. Освалд Чемберс: Радост – Силата во Господ 30 дена Откриј ја мудроста на Освалд Чемберс, авторот на My Utmost for His Highest, преку ова богатство на размислувања за радоста. Секое дневно читање нуди цитати од Чемберс заедно со прашања за лично размислување. Како што ќе те инспирира и предизвикува со неговата едноставна и директна библиска мудорст, ќе се пронајдеш себеси како сакаш да поминуваш повеќе време во комуникација со Бог.