Posted on 2022-06-02 by Планови за читање – Јуни 2022 Да ја читаме Библијата заедно (јуни) 30 дена 6-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 6-тиот дел ги содржи книгите на Ефесјаните, Филипјаните, Колосјаните, Јона, Судии, Рут и Прва Самоилова. Бог е _______ 6 дена Кој е Бог? Сите ние имаме различни одговори, но како да знаеме која е вистината? Независно кое е твоето искуство со Бог, Христијаните, или црквата, време е да откриеме кој навистина е Бог—реален, присутен, и спремен да те пресретне таму каде што си. Превземи го првиот чекор во овој 6-дневен Библиски План придружно на серијалот од пораки на Пастор Крег Грошел, Бог е _______. Шест дена за Божјите прекари 6 дена Преку многуте прекари што ги има Бог, Тој ни открива аспекти од Неговиот карактер и Неговата природа. Освен Татко, Син и Светиот Дух, во Библијата се наведени повеќе од 80 прекари за Бог. Туа се наведени шесте прекари и нивното значење, кои ќе му помогнат на читателот повеќе да се приближи до Единствениот Вистински Бог. Извадоци од „Искуси ја Моќта на Божјите прекари: Посвета што дава живот” од д-р Тони Еванс. Јуџин или: Харвест Хаус Паблишерс, 2017. Откровение 11 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на Откровение и ќе биде одличен за лично или групно проучување.