Posted on 2022-07-26 by Планови за читање – Август 2022 Да ја читаме Библијата заедно (август) 31 ден 8-ми дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 8-миот дел ги содржи книгите на Прва и Втора Летописи, Прва и Втора Солуњаните и Езра. Победа над смртта 7 дена Сме ја слушнале изреката, “И тоа е дел од животот,” но банални изреки не го прават пребродувањето на човечка загуба лесно прифатливо. Навикни се да одиш пред Бог кога се соочуваш со еден од најтешките животни предизвици. Храброст 1 недела Научете што Библијата вели за храброста и увереноста. Планот за читање “Храброст” ги охрабрува верните со потсетување за тоа кои се, во Христос и Божјото царство. Кога припаѓаме на Господ, ние сме слободни да му пристапиме директно. Прочитајте ги повторно, или можеби за прв пат, уверувањата дека вашето место во Божјото семејство е сигурно. Сигурност во несигурни времиња 5 дена На сред целата несигурност, Бог е сигурен! Придружи му се на Давид Виља во неговиот план, за да ги ревидирате вашите несигурности од минатото, вашата негативност и да стигнете до нешто грандиозно.