Posted on 2022-08-30 by Планови за читање – Август 2022 Да ја читаме Библијата заедно (септември) 30 дена 9-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 9-тиот дел ги содржи книгите на Неемија, Естира, Прва и Втора Тимотеј, Јоил, Амос, Авдиј, Наум, Авакум, Софонија, Тит, Филимон, Јаков, Агеј, Захарија и Малахија. Рута, Приказна за Искупување 5 дена Има само неколку луѓе од Библијата на кои им се восхитуваме повеќе од Рута; сиромашна; вдовица која го стави Бог како нејзин приоритет и доживеа да види како Тој и го промени животот. Доколку бараш охрабрување за твоите околности, не го пропуштај овој план за читање! Секој чекор е Напредок 5 дена Се надеваме дека ќе посветиш внимание со твојот ум и твоето срце додека ги читаш овие пет посвети од Јуџин Питерсон преку кои Светиот Дух ќе те утеши, охрабри или предизвика користејки ја содржината во нив. Можеш да си запишеш прашања за размислување на крајот од секоја посвета за да ја оформиш твојата молитва за почеток на денот—не е поентата ова да претставува крајна цел туку почетна точка за она што следи понатаму. Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на Сомнежот 10 дена Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доминик Дон верува дека ова е трагично и многу погрешно. Тој го користи писмото и друга литература за да докаже дека не само што е нормално да се запрашаме туку тоа двоумење многу често води до богата и вистинска вера. Да ги истражиме верата и сомнежот во овој 10-дневен план.