Posted on 2022-09-26 by Планови за читање – Октомври 2022 Да ја читаме Библијата заедно (октомври) 31 ден 10-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 10-тиот дел ги содржи книгите на Проповедник, Јован, Еремија и Плачот. Псалми 31 ден Читањето на книгата на Псалмите е одлично за едноставно да те подигне. Кога минуваш низ тежок период, книгата на Псалмите може да послужи како утеха и охрабрување. Дали навистина можам да го надминам гревот и искушението? 5 дена Дали некогаш си се запрашал, “Зошто сеуште се борам со овој грев?” Дури и апостол Павле кажува многу во Римјаните 7:15: “Не го правам она што го сакам, туку она кое го презирам.” Како да го спречиме гревот во нашите духовни животи? Дали е тоа возможно? Ајде да дискутираме за гревот, искушението, Сатаната, и за среќа, Божјата љубов. Обнова на твојата радост 5 дена Доколку сакаш да имаш радост во твојот живот, мораш да си направиш избалансиран распоред. Пасторот Рик Ворен ќе сподели на кој начин можеш да го прилагодиш твојот внес и изнес, за твојата дарежливост и примање да ти служи за обнова на радоста, наместо да ти одмага.