Posted on 2022-10-27 by Планови за читање – Ноември 2022 Да ја читаме Библијата заедно (ноември) 30 дена 11-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 11-тиот дел ги содржи книгите на Песните на Соломон, Езекиел, Осија и Откровение. Патувањето на Авакум 6 дена Овој план е за патување низ времето поминато во обид со Авакум. Свети емоции – Библиски реакции за секој предизвик 30 дена Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.