Posted on 2022-12-02 by Планови за читање – Декември 2022 Да ја читаме Библијата заедно (декември) 31 ден 12-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 12-тиот дел ги содржи книгите на Исаија, Михеј, Прва Петрова, Втора Петрова, Прва Јован, Втора Јован, Трета Јован и Јуда. Лука 12 дена Овој едноставен план ќе те води низ Евангелието според Лука од почеток до крај. Недостаток на мир 7 дена Дали е навистина возможно да имаме мир додека живееме во болка? Краткиот одговор е: да, но не можеме да го постигнеме со наша сила. Во година во која бевме преоптоварени, многумина од нас останаа да се запрашуваат дали ова е возможно. Низ овој 7-дневен Библиски план, во придружба на пораките од Пастор Крег Грошел, ќе откриеме како да го пронајдеме мирот кој ни недостасува на секој еден од нас. Тагата боли: надеж за празниците 5 дена За многумина, празниците се време поминато во голема радост…но што се случува кога празниците ке ја загубат искрата и ќе се претворат во тешки предизвици поради некаква длабока тага или загуба? Овој специјален план за читање ќе им помогне на оние кои поминуваат низ тажен период, да најдат утеха и надеж во текот на празниците и ни открива како да создадеме значајна празнична атмосфера во моменти на тага.