Posted on 2023-01-02 by Планови за читање – Јануари 2023 Божји принципи за управување со време 6 дена Дали те фрустрира фактот што има едвај 24 часа во еден ден? Дали те совладува бројот на проекти на твојот To Do список? Те уморува фактот што си постојано уморен/уморна и немаш доволно време да посветиш на Божјиот збор и на твојата фамилија и блиски пријатели? Ова се едно од најчестите предизвици на денешнината. Добрата вест е што Библијата нуди јасни принципи за добро менаџирање на нашето време. Овој План ќе ти ги образложи тие стихови и ќе ти даде супер практични совети како максимално да го искористиш времето што ти преостанува во овој живот! Еден збор кој ќе го промени твојот живот 4 дена ЕДЕН ЗБОР ќе ти помогне да си го поедноставиш животот со тоа што ќе се фокусираш на само ЕДЕН ЗБОР, цела година. Едноставноста во откривањето на зборот кој Бог го има за тебе ќе ти послужи како двигател на животни промени. Нафрленоста и комплексноста нѐ водат кон прокрастинација и парализа, додека едноставноста и фокусот нѐ носат до успех и јаснотија. Оваа 4 дневна посвета укажува на тоа како да навлезеш во јадрото на твоите очекувања и намери во визијата на тој еден збор за годината што следи.