Posted on 2023-06-25 by Планови за читање – Јули 2023 Ослободување од споредба – 7 дневна посвета од Ана Лајт 7 дена Ти знаеш дека Бог ти нуди поизобилен живот од тој што моментално го живееш, но тажна вистина е дека споредувањето со други не ти дозволува да преминеш на следното ниво. Во овој план Ана Лајт дава увид кој ќе го распарчи капакот над твоите способности, и ќе ти помогне да живееш живот во слобода и изобилие кој Бог го дизајнирал за тебе Адамант со Лиза Бевере 6 дена Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душата—давајќи ти јасна насока во овој изгубен свет. Барајќи го секојдневно срцето Господово – Мудрост 5 дена Барајќи го дневно срцето Господово е петдневен план за читање, наменет за да те охрабри, предизвика и да ти помогне низ патот на секојдневието. Како што Бојд Бејли кажал:„ Барајте Го дури и кога не се чувствувате така или кога сте премногу зафатени и Тој ќе ја награди вашата верност“. Библијата вели: „Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Неговите и Го бараат со сето свое срце“. Псалм 119:2