Планови за читање – Јули 2021

А знаеме дека на оние што Го љу­бат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро

А знаеме дека на оние што Го љу­бат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро

28  
А знаеме дека на оние што Го љу­бат Бога и се повикани по Негова волја, сѐ им содејствува за добро

29  
зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сооб­разни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа.

30  
А оние што ги предопредели, тие и ги повика, и кои ги повика, тие и ги оп­равда; кои ги оправда, тие и ги прос­ла­ви.

31  
Што да речеме, пак, на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?

32  
Оној, Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сѐ?

33  
Кој ќе ги обвини избраниците Божји? Бог е Тој Кој ги оправдува!

34  
Кој е тој што ќе суди? Христос Исус, Кој умре, но уште и воскресна, Кој е од десната страна на Бога и се зас­тапува за нас!

35  
Кој ќе нѐ одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или голо­тијата? Или погибелта? Или мечот?

36  
Како што е напишано: „Заради Те­бе секогаш нѐ убиваат; нѐ сметаат како овци за клање.“

37  
Но во сето тоа стануваме повеќе од победници преку Оној Кој нѐ возљуби.

38  
Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни влас­ти­те, ни сегашноста, ни иднината

39  
ни височината, ни длабочината, ни­ту, пак, кое било друго создание нема да може да нѐ оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ.

Romans 8 in Macedonian

Romans 8 in English

Планови за читање – Јуни 2021

Јас сум Светлината на светот

Јас сум Светлината на светот

И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот.“


Јован 8:12

Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина.


Исаија 9:1

Господ е моја светлина и мое спа­сение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам?


Псалми 27:1

Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло.


2 Коринтјаните 4:6

Ако, пак, Христос е во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради праведноста. Но ако Духот на Оној Кој Го вос­кресна Исус од мртвите живее во вас, то­гаш Оној Кој Го воскресна Христос од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој жи­вее во вас.


Римјаните 8:10-11

Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!


Ефесјаните 5:8

А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заед­ниш­тво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев. Ако кажеме дека немаме грев, се ла­жеме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прос­ти гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.


1 Јован 1:7-9

Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!“


Матеј 5:14-16

Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати.


Јован 1:5

Планови за читање – Мај 2021