Posted on 2020-06-012021-10-12 by Планови за читање – Јуни 2020 1 Коринтјаните 8 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на 1 Коринтјаните и ќе биде одличен за лично или групно проучување. Радикална мудрост: Седумдневно патување за татковци 7 дена Неверојатно е колку многу нè обликуваат нашите татковци. Никој не ја избегнува моќта и влијанието на својот земен татко. Бидејќи повеќето мажи не се чувствуваат подготвени да бидат татковци, важно е да се побара водство, од Светото Писмо и од другите татковци. „Радикална мудрост“ е патување за татковците, кон мудрост и проникливост, комбинирајќи ги принципите и мудроста од Светото Писмо со искуството на еден постар, помудар татко кој научил од своите грешки. Адамант со Лиза Бевере 6 дена Што е вистина? Нашата култура паѓа на лагата дека вистина е река која се менува со текот на времето. Но, вистината не е река—таа е карпа. Во бесното море на несогласувања, овој план ќе ти помогне да си ја прицврстиш душата—давајќи ти јасна насока во овој изгубен свет.