Планови за читање – Април 2020

Планови за читање – Март 2020

Планови за читање – Февруари 2020

Божиќни библиски стихови

Божиќни библиски стихови

Затоа Тој ќе ги остави до времето додека роди онаа, која треба да роди; тогаш кај синовите Израелови ќе се вратат и нивните други браќа.

Михеј 5:2

Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Има­нуел.

Исаија 7:14

Но, штом помисли така, ангел Гос­подов му се јави на сон и рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“

Матеј 1:20-21

Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.

Јован 3:16

Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давид и во цар­ството негово, за да го утврди Тој и да го зацврсти преку суд и правда отсега па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господ Саваот.

Исаија 9:6

И Словото стана тело и се всели ме­ѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.

Јован 1:14

но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот, за да ги откупи оние што се под За­кон, та да го примиме посинувањето.

Галатјаните 4:4-5

А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.

Лука 2:10-11

И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“

Лука 2:13-14

Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото каде што беше Младенецот. А кога ја видоа ѕвездата, тие се за­радуваа со многу голема радост. И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; потоа ги отво­рија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна. И откако примија предупредување на сон, не се вратија веќе кај Ирод, туку си заминаа по друг пат за својата земја.

Матеј 2:9-12

Планови за читање – Ноември 2019