Posted on 2021-04-012021-10-15Планови за читање – Април 2021 Исусовите молитви 5 дена Ја знаеме важноста на комуникацијата во секој меѓучовечки однос, па така, тоа не е исклучок ни во нашиот однос со Бог. Бог копнее да комуницираме со Него преку молитва – дисциплина која дури и Неговиот Син, Исус, ја практикуваше. Во овој план, ќе учиш од Исусовиот пример и ќе бидеш предизвикан да истапиш од нормалниот животен тек за да ја искусиш на себе си силата и водството кое ја овозможува молитвата. Јован 10 дена Овој едноставен план ќе те води низ Евангелието според Јован од почеток до крај. Да ја читаме Библијата заедно (април) 30 дена 4-ти дел од вкупно 12, овој план ги води заедниците заедно низ целата Библија во 365 дена. Покани ги другите да се придружат секој пат кога ќе започнеш нова серија во месецот. Оваа серија работи добро со аудио Библија — ислушај ја во помалку од 20 минути дневно! Секоја секција вклучува поглавја од Стариот и Новиот Завет, прошарано со Псалми насекаде. 4-тиот дел ги содржи книгите на Матеј и Јов.
Posted on 2021-03-312021-06-08Планови за читање – Март 2021 Бојното поле на умот – Побожност 14 дена Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум. Започнување на врска со Исус 7 дена Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Двајт (David Dwight) и Никол Јунис (Nicole Unice). Молитва 21 Дена Научете како најдобро да се молите, од молитвите на верните и од зборовите на Исус Христос лично. Најдете охрабрување за да ги пренесувате вашите барања до Господ секој ден, со упорност и трпеливост. Откријте ги примерите на празни, самоправедни молитви, балансирани наспроти чисти молитви од тие со чисти срца. Молете се усрдно.
Posted on 2021-03-152021-06-15Популарни библиски стихови – Март 2021 – И мојот народ… Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност. 2 Тимотеј 1:7 Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ, и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова. 2 Летописи 7:13-14 Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница.“ Исаија 41:10 Ајде народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот;зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жителите земни за нивното беззаконие, и земјата ќе ја открие голтнатата од неа крв и повеќе нема да ги крие своите убиени. Исаија 26:20-21 Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж: по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато; тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам. Плачот 3:21-24 Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат. Јаков 1:12 А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога. Евреите 13:16 Кој живее под закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небесниот Бог. И ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам! Псалми 91:1-2
Posted on 2021-03-012021-10-15Планови за читање – Март 2021 Освалд Чемберс: Мир – Живот во духот 30 дена „Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот. Евреите 7 дена Овој едноставен план ќе те одведе низ книгата на Евреите и ќе биде одличен за лично или групно проучување.
Posted on 2021-01-312021-06-07Планови за читање – Јануари 2021 Барајќи го секојдневно срцето Господово – Мудрост 5 дена Барајќи го дневно срцето Господово е петдневен план за читање, наменет за да те охрабри, предизвика и да ти помогне низ патот на секојдневието. Како што Бојд Бејли кажал:„ Барајте Го дури и кога не се чувствувате така или кога сте премногу зафатени и Тој ќе ја награди вашата верност“. Библијата вели: „Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Неговите и Го бараат со сето свое срце“. Псалм 119:2 Верувам дека Бог е добар без оглед на сè 5 дена Има одредени пораки денес, како надвор така и внатре во црквата кои ја заматија вистинската порака за Божјата благонаклонетост. Реалноста е дека Бог не е должен да ни обезбеди добри работи – но Тој тоа го сака! Следните 5 дена можат да ти помогнат да погледнеш одново околу себе со очи кои ќе проникнат низ секојдневните пречки за да ја видиш неоспорната и прекумерна добрина на Бог. Божјиот план за твојот живот 6 дена Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме. Детоксикација на душата 5 недели Ние не сме тело со душа. Ние сме душа со тело. Додека светот со секое право нѐ учи да вршиме детоксикација на нашите тела, понекогаш треба да направиме детоксикација на нашата душа. Овој 35 дневен план ќе ти помогне да идентификуваш што ја одронува твојата душа, и што те попречува да станеш личност каква што Господ те креирал да бидеш. Ќе научиш од Божјиот Збор како да ги неутрализираш овие уништувачки влијанија и да го прифатиш чистото живеење за твојата душа. Исусовите молитви 5 дена Ја знаеме важноста на комуникацијата во секој меѓучовечки однос, па така, тоа не е исклучок ни во нашиот однос со Бог. Бог копнее да комуницираме со Него преку молитва – дисциплина која дури и Неговиот Син, Исус, ја практикуваше. Во овој план, ќе учиш од Исусовиот пример и ќе бидеш предизвикан да истапиш од нормалниот животен тек за да ја искусиш на себе си силата и водството кое ја овозможува молитвата. 7 работи што Библијата ги вели за неспокој 7 дена Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогнат да ја примениш вистината на Божјото Слово во секоја ситуација со која се соочуваш денес. Секој ден на читање, исто така, содржи слика со стих што ти помага да го споделиш тоа што ти го кажува Бог.